Македонската јавност со нетрпение чека да го види дресот со кој нашиот национален тим ќе игра на Европското првенство (ЕП), а за првпат овој дрес се појави на гостувањето кај Папата во Ватикан.
Првиот човек на државата Стево Пендаровски му подари дрес на Папата, а на првите фотографии дресот беше сликан само од задната страна и на него беше испишано со кирилица името на Папата.
Се појавија и фотографии од други агли, каде може да се види и предната страна. Според прикажаното, нема никаков дизајн како што беше претходно најавено, дека ќе има „рис“ во жолта боја. Целиот дрес е во бордо боја со исклучок на ракавите, крагњата и страничниот дел каде има бели линии, нешто за кое многумина се зачудени ако се земе предвид дека црвената е бојата со која се поврзува нашиот национален тим.
Со нетрпение се чека презентацијата на дресот, за да се види целосниот дизајн…