Хрватскиот фудбалер Лука Мориќ синоќе во Париз на пригодна гала свеченост ја доби наградата „Златна Топка“ за 2018 година од „Франс фудбал“.
Со ова за првпат по 10 години беше прекината доминацијата на Роналдо и Меси. Португалецот заврши втор, додека Меси мораше да се задоволи само со 5. место. Големо разочарување беше Нејмар кој по соопштувањето на резултатите од гласањето се најде на 12. позиција.
Она што ги налути многумина е фактот што Меси, Роналдо и Нејмар не е појавија на церемонијата, а ова особено е однесува за Бразилецот кој живе во Париз каде што и се одржа сетоа ова.
Меси и Нејмар беа активни на социјалните медиуми за време додека траеше „Златната Топка“. Меси се дружеше со своите синови, додека Нејмар играше „Call of Duty”.