(ФОТО) Фановите на Јунајтед во еуфорија – протече фотка од новото засилување

800

Се чини Манчестер Јунајтед зема залет кога станува збор за засилувањата па по Даниел Џејмс и Арон Ван Бисака, се чини пристигна и третото ново име – и тоа најзвучно.

Веќе извесен период се спомнува дека Јунајтед ја победил жестоката конкуренција и ги договорил личните услови со сјајниот Португалец, Бруно Фернандес. Па денес на социјалните мрежи се појави и негова фотографија со маичка на себе на која стои грбот на Јунајтед.

Истата наводно настанала за време на снимањето на видеото со кое Јунајтед ќе го претстави големото засилување, но некои навивачи на „црвените ѓаволи“ се уште се прашуваат дали е вистинска или е направена со фото-монтажа.