Новата министерка за финансии Нина Ангеловска на својот профил на Инстаграм има повеќе од 500 фотографии и она што може да се забележи од фотографиите е дека Нина сака да живее убав живот, ужива во добра храна, сака да патува, не е зависник од брендирана облека, а она што највеќе е интригантно за јавноста е нејзиното момче.
Станува збор за скопјанецот Мартин Китановски, кој по професија е програмер, а со кого Нина е веќе неколку години во љубовна врска.
Двајцата не ја експонираат премногу нивната љубов, но од она што може да се види на профилот на Ангеловска, парот и изгледа навистина вљубено!