Екипата на Вардар од 18:00 часот со Барселона во „Ланксес Арена“ во Келн ќе води битка за пласман во големото финале од завршниот турнир во Лигата на Шампионите.
„Црвено-црните“, како и во текот на цела сезона, нема да бидат сами а тоа значи дека од трибините ќе имаат солидна поддршка.
Навивачите на Вардар, пред се „Комитите“ уште рано наутро започнаа да пристигаат и да се екипираат во Келн, а нормално за германски услови пивото е незаменливо.
Вардар ќе го поддржат и голем број наши иселеници во Германија, а според последните информации ќе има поддршка од најмалку 500 Македонци