Славниот холивудски актер, Леонардо ди Каприо кој активно се залага за борба против климатските промени објави фотографија на Инстаграм од нашиот главен град Скопје.
Тој под фотографија од скопскиот плоштад сподели извештај за влијанието на климатските промени на човековото здравје.
„Зголемувањето на температурите, може да резултира со зголемување на болести поврзани со топлината и смртни случаи, како и закана од нови заразни болести, тврдат научниците од универзитетот „Џон Хопкинс“. Во еден труд објавен во „Journal of Clinical Investigation“, се вели дека со климатските промени, можеме да очекуваме да се зголемат случаите на грчеви, исцрпување и потенцијални срцеви удари. Екстремната топлина особено ќе влијае на децата, постарите луѓе, луѓето кои страдаат од хронични болести и луѓе од ранлиците категории“, напиша славниот актер на Инстаграм.
Инаку оваа фотографија е направена од Роберт Атанасовски.