Македонскиот репрезентативец во одбојка, Александар Љафтов се реши да скокне на „лудиот камен“ откако вчера вечер на Бадник ја побара за сопруга својата долгогодишна девојка Ана Додевска.
Оваа радосна вест ја сподели Љафтов откако постираше фотографија на својот профил на „Фејсбук“ на која се гледа раката на веќе својата сопруга со вереничкиот прстен, а над истата пишува:
„На некој паричка се паѓа, а на некој прстен. Таа е моја“ напиша Љафтов кој попладнево преку Турција се врати во Македонија заедно со репрезентацијата по вчерашниот квалификациски меч за ЕП против Украина.