ФОТО: Меси и Суарез со семејствата уживаат во рајски одмор на Карибите

830

Ѕвездите од Јужна Америка последни заминаа на заслужен годишен одмор, бидејќи до првите денови од јули играа на Копа Америка во Бразил. Аргентинскиот гениј Лионел Меси издвои време за своето семејство и заедно со својот најдобар пријател од Барса, Уругваецот Луис Суарез се забавуваат на одмор на Карибите.

32-годишниот ас заедно со сопругата Антонела и трите синови – Тиаго, Матео и Чиро заборавија на секојдневието и се посветија на релаксација и шеги на прекрасните плажи. Сепак, љубопитните фоторепортери го пронајдоа и уловија атрактивни фотки.

  • Погледнете ги највпечатливите фотографии од одморот на семејствата Меси и Суарез: