Презентерката Билјана Дебарлиева има 47 години. Таа важи за една од нашите најнегувани дами од јавниот живот. На Фејсбук профилот на фризерското студио „Бубе студио ин“ презентерката и водител од „Канал 5“ телевизија, беше објавена со нова боја на коса и физура, која ѝ прилега одлично.
На Тв екраните е од деведесетите години, почнувајќи ја кариерата во Македонската радио телевизија. Потоа беше дел од тимот на „А1“ телевизија, а освен Утринската програма и вестите, нејзин заштитен знак беше емисијата „Бебе магзин“, која ја следеше женската публика.
Дебарлиева е горда мајка на Ана, која е економист, и Мики, кој има 15 години. Она за што секогаш добива комплименти, освен изгледот, е и дикцијата и негувањето на литературниот македонски јазик пред Тв гледачите.
Со ќерката Ана
„ Ана комплетно е посветена на економијата, како нејзина професионална определба. Никогаш не покажала интерес или желба за медиумите, дури имаше и мигови кога мојата професија и популарност ги чувствуваше како товар. Донекаде сум и среќа што не ја избра мојата професија. Во денешно време се сменети многу работи, критериумите се изместени, па и новинарството и водителство не се она што биле некогаш. Кај Мики, мислам дека насетувам некоја мала искра или желба за телевизија. Но, сѐ уште е рано, времето ќе покаже дали тој можеби ќе биде мојот наследник“, изјави Дебарлиева во интервју за Женски магазин.