Девет операции поради кои остана без осум сантиметри тетива на ногата. Голема опасност од ампутација на ногата и 636 дена навор од терените. Докторите му рекле дека може да биде среќен ако барем може да оди со синовите во својот двор.
Но тој на најголемата мора која му ја сервираше пукнатината на коската на глужот за време додека беше дел од Арсенал, одговори со бајковито враќање во Виљареалм клубот на неговиот живот и тоа во 34. година.
Санти Казорла е фудбалскиот јунак за оваа година иако само што започна. И покрај сите спомнати ужаси, одличниот Шпанецо со неговите два гола го сопре актуелниот европски и светски шампион Реал Мадрид (2-2).