Сефет Бајрами, еден од двајцата повредени полицајци во сообраќајката кај обиколница починал во болница, дознава 24 инфо. Бајрами бил дел од патролата на собраќајната полиција, која настрадала вршејќи ја должноста на патот. Дознаваме дека тој завчера добил решение за работа во автопатска полиција.
Претходно од Основното јавно обвинителство информираа дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.
По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство. Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата.