(ФОТО) Први фотографии од жичаната ограда која Србија ја постави на границата со Македонија

819

На границата на Србија и Македонија, кај Прешево, почна поставување на ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево.Според надлежните во општина Прешево, оградата е согласно договорот со Европската унија.

– Сметаме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. Балканска рута, вели Арифи, претседател на општината.Според него, оградата индиректно придонесува во процесот на евроинтеграција, но со целосно разбирање и почитување на политичките околности.