ФОТО: Роналдо итно префрлен во болница на Ибица, стигнаа и првите пораки за поддршка од фудбалерите

1295

Луис Назадрио де Лима, или во фудбалскиот свет многу попознат како Роналдо, бил примен на интензивна нега во болницата „Нуестра Сењора“ на Ибица.

Според „Диарио Де Ибица“ легендарниот фудбалер страдал од пневмонија. По првата посета на болницата во петокот, кога болеста била дијагностицирана, моменталната состојба барала тој веднаш да биде префрлен во многу пореномирана болница.

Веднаш откако се дозна веста, прв со порака за поддршка на социјалните мрежи се јави поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Ферднинанд.

Искусниот стопер на Инстаграм објави фотографија со Роналдо под која напиша :

-Само што ја видов веста… се надевам дека си добро, легендо. Побрзо заздравување.