(Фото) Се прекинува наставата поради загадениот воздух од пожарот во Тетово, надлежните апелираат граѓаните да останат во домовите

515

Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот кој утрово избувна во поранешниот индустриски објект „Македонија Табак“.

Надлежните органи оценуваат дека квалитетот на воздухот во Тетово е доста влошен и оваа одлука е донесена за да се зачува здравјето на учениците.

Од општината упатија и важен апел до граѓаните да останат во своите домови.

„Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот. Граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, треба задолжително да носат заштитни маски“, стои во соопштението на општината.