(ФОТО) Се смени ликот на „пластичарска“, но не и менталитетот на оние кои ја користат

854

Познатата скопска „пластичарска“ улица од пред неколку дена е пуштена за сообраќај со сосема промент лик- проширена, со нов асфалт, нешто што според градските власти требаше да го среди хаосот што секојдневно се случуваше на оваа улица која е една од клучните сообраќајни врски во главниот град.

Но, денешниот ден покажа дека за нормално функционирање на сообраќајот на оваа улица не е потребна само градежна интервенција, туку и навиките на оние кои работат тука, кои купуваат и кои минуваат. Она што го беше забележано денеска се паркирани автомобили на тротоарите и на самите сообраќајни ленти, на пешачките премини, пешаци кои минуваат насекаде.

Иако е постојано е пристуна и полицијата се чини дека ниту ова не дава резултати. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека се градат два паркинга и откако ќе бидат готови, нема да има се толерира погрешното паркирање. За тротоарите кои се претворени во излози Шилегов смета дека треба да се погрижи пазарниот инспекторат.

„ЕКИПИТЕ НА ИНСПЕКТОРАТОТ НА ОПШТИНА ЧАИР ЗАЕДНО СО ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ИЗВРШИЈА УВИД НА СОСТОЈБАТА НА ТЕРЕН, ДАДОА ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ДОЗВОЛЕНАТА ЛИНИЈА НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА СТОКИ. ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА УТВРДЕНАТА ЛИНИЈА ЌЕ СЕ КАЗНИ СПОРЕД СООДВЕТНИТЕ ЗАКОНСКИ НОРМИ. ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ПРАШАЊЕТО ЗА ПАРКИРАЊЕ СО АВТОМОБИЛИ, ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР СО ГРАЃАНИТЕ ОД ОВАА ОБЛАСТ И СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ КАКО ПАРКИНГ ПРОСТОР ДО ИЗГРАДБА НА ПРЕДВИДЕНАТА КАТНА ГАРАЖА“,

Според проектот за реконструкција на „пластичарска“, покрај тоа што се планира тротоарите да бидат слободни, треба да има и ленти за велосипеди.