Вардар прокнижи уште една титула, прва сезонава откако славеше во СЕХА лигата,а по финалето во Брест и победата над ППД, Русите од македонскиот тим побрзаа да го фатат возот за дома.
Па поради тоа на прогласувањето не се појавија, а меѓу нив беа и Тимур Дибиров и Сергеј Горбок кои во текот на изминатиот ден беа видени на мечот од кошаркарската Евролига меѓу ЦСКА Москва и Басконија.
Двајцата руски репрезентативци и членови на Вардар беа гости на ТВ Преносот пред мечот, како и на полувреме.