Фудбалерот на францускиот шампион ПСЖ, Јулијан Дракслер како и сите негови колеги е во карантин поради епидемијата од коронавурусот.

Германскиот ас изолацијата ја минува во друштво на својата девојка, преубавата танчарка Сетани Таинг.
Многу негови фанови коментираа дека со ваква „провокативна“ танчарка ниту еден карантин не е тежок и досаден.
Додека другите се жалат дека им е тешко во изолација, Дракслер сигурно ужива во карантинот.
Кратко пред светот да биде погоден од коронавирусот Јулијан ја завршил десетгодишната романса и ја запознал сексапилната Сетани, преубавата танчарка со која сега е во карантин.