Американската фудбалерка Меган Рапино овие денови се наоѓа во центарот на вниманието на скоро сите светски медиумите откако селекцијата на САД го осви СП.
Но не толку поради триумфот на Мундијалот и голот во финалето против Холандија, туку поради контроверзното однесување надвор од теренот.
А под „контроверзно“ се смета бакнувањето со својата партнерка на секој чекор, пораката против Доналд Трамп, но и степенот на ароганција која го покажа спрема едно момче на доделување на ЕСПИ наградите.
Токму на споменатата свеченост, Меган уште еднаш ја шокираше јавноста откако во програмата во живо ја покажа голата града.