Москва, како и секоја година, ги изненади граѓаните и туристите со бајковита празнична декорација.
Се чини дека руската зима е ‘избркана’ од улиците и плоштадите во Москва, бидејќи сè е украсено за луѓето да не брзаат да побегнат од студот, туку да уживаат во оживеаните бајки.

Од џиновски украси низ кои децата едвај чекаат да поминат, до лулашки, вртелешки и чаршиски тезги – сè свети.

На плоштадите има инсталации кои привлекуваат возрасни, но и деца.

Улиците се претворени во светлосни тунели, свечено се осветлени познатите згради за ноќе да дојдат до израз.

Некои плоштади се претворени во огромно украсени лизгалишта.

Дури и парковите се претворени во сценографија за некои од познатите зимски бајки.

А како изгледа прошетка низ Москва за време на празниците, погледнете во видеото:
