Скопјани се однесуваат како во Скопје да не владее коронавирусот. Убавото време ги наполни терасите на рестораните и кафулињата, особено во центарот на градот.
Најмногу гужва има на сончевите тераси, во Градскиот трговски центар каде што владее „тепачка“ за маса на сонце. Начекавме ваква слика: Семејство стрпливо чека да се ослободи една од масите за да седнат и да се напијат кафе. Се ослободува маса во најбараниот дел на терасите, оној кој гледа накај Жена парк, семејството седнува и келнерот ги станува со образложение дека масата е резервирана. Знак за резеврација никаде не стоеше на масата, а потоа келнерите ја дадоа на други луѓе.
Гостите на рестораните се пријателски расположени едни кон други. Во моментот кога едни гости ќе станат, а тие гледаат дека други се во потрага по слободно место, им даваат знак да им се доближат. „Овде, наскоро ќе станеме“, им се обрати една госпоѓа на две други уште пред да ја плати сметката.
Оние кои се дојдени за ручек не чекаат маса на сонце. Полни се и затворените делови на терасите, оние под најлоните,како и внатрешните делови. Оние кои не можат да се снајдат за маса, си земаат кафе за носење и го пијат во блиските паркови или на кејот на Вардар.