Францускиот стратег Зинедин Зидан од синоќа повторно е именуван за нов тренер на Реал Мадрид каде што се враќа по 10 месеци.
Така на „Сантиаго Бернабеу“ се врати човекот кој на Реал му донесе во низа три титули шампион на Европа што предизвика голема еуфорија кај фановите на „кралевите“.
Сепак, на многумина и беше интересен стајлингот на легендарниот Французин за време на промоцијата. Тој се најде на предмет на бројни коментари на социјалните мрежи, пред се на Твитер.
Зизу изгледаше како тинејџер, во многу интересни фармерки кој на некој начин станаа и предмет на потсмев.
До сега сме навикнати на вакви стајлинзи од фудбалери, но од тренери многу ретко.