Меѓународната вселенска станица овозможува дом и сместување на неколку астронаути кои добиваат прилика да престојуваат во вселената и по неколку месеци, а некои дури и по една година.
Овие луѓе имаат задача постојано да истражуваат, вршат мерења и да ги следат промените на нашата планета, а понекогаш кога имаат слободно време, тие ги земаат камерите и апаратите во раце и со секое притискање на копчето создаваат историски фотографии кои се едноставно неверојатни.
Вселенската станица орбитира многу близу до Земјата, но доволно е далеку за да се види површината на нашата планета во вселенската темнина и со тоа да се воочат закривените површини кои денес многумина ги преиспитуваат.
Во продолжение, ви претставуваме дел од најфасцинантните и најспектакуларните фотографии кои се направени од Меѓународната вселенска станица и кои ќе ви покажат колку е всушност прекрасна планетата на која живееме.