Актерката Анџелина Џоли по долго медиумско молчење даде големо интервју за британски „Vogue“ во кое што отворено проговори за мајчинството, но ја отвори и вратата на својот раскошен имот во Лос Анџелес.
Анџелина открила дека себеси се доживува како традиционална мајка која што останува дома со своите деца и дека седењето дома никогаш не ѝ одело од рака, но и дека сите шест деца ѝ помагаат во врска со мајчинството.
Набрзо по интервјуто интернетот се присети на една фотографија од Џоли создадена уште пред таа да стане позната.
Деновиве се појави фотографија од младата Анџелина Џоли која што била направена пред 25 години.

Луѓето биле воодушевени од природната убавина на актерката, а еден од коментарите кој што добил најмногу лајкови бил краток и јасен: „Ова е најубавото човечко суштество во историјата!“.
Актерката изјавила дека нејзините деца на некој начин ја „излечиле“ и ѝ помогнале по неколкуте тешки години кои се зад неа, особено по разводот од Бред Пит.