Вчера во 13 часот на гробиштата во Белград е погребана трагично починатата инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ.
Семејството, пријателите, но и сите кои го следеле ликот и делото на младата јутјуберка, се собрале на гробиштата за последен поздрав.
Во моментот кога го спуштиле ковчегот во земја, се слушнале звуците на песната „Кристина“ од „Divljeg kestena“.
Истиот рефрен сестрата на Кика го сподели на социјалните мрежи ден по смртта на младата јутјуберка.
На погребот мајката и сестрата на Кристина носеле бели рози.
„Белото означува невиност, безгрешност и искреност. Ѝ се поклонува на личност која ви буди исклучително нежни чувства и поради тоа најчесто се користи за изработка на бидермаери. Во овој случај, сестра ѝ носеше две, а мајка ѝ една роза“, пишуваат српските медиуми.
Кристина која на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе, последните години отворено се борела со осудувања и критики.
По нејзиното самоубиство медиумите, но и властите почнаа да го истражуваат жестокиот конфликт кој го имаше со Бака Прасе, еден од највлијателните јутјубери на овие простори.
Родена е во Белград на 25-ти јули 2000-та година.