Француската министерка за спорт си поднесе оставка

799

Министерката за спорт на Франција, Лаура Флесел, утринава си поднесе оставка. Во писмото што таа го испрати до Владата наведе дека оставката ја поднесува поради лични причини.

Како што објави „Ројтерс“, поранешната олимписка шампионка и една од најпопуларните министри на францускиот претседател Емануел Макрон, Флесел, ја поднела оставката во пресрет на очекуваната реконструкција на владиниот кабинет.

Својата оставка министерката пред малку ја објави и на социјалната мрежа „Твитер“.