Францускиот град започнал голем експеримент кој се претворил во револуција: Вовеле бесплатен јавен превоз за сите, а еве што се случило за еден месец

1207

Еден месец откако францускиот град Дункирк, сместен покрај каналот Ла Манш, го претставил составот за бесплатен јавен превоз за сите, настанала вистинска мала револуција, пишува “Guardian”.

Две жени кои претходно не се познавале, незадолжително си разговараат во автобусот. една од нив признава дека понекогаш седнува во автобусот од чиста забава. Едно момче слуша музика на слушалки и попатно го полни мобилниот телефон во штекерот над својата глава.

Во друг автобус, 56-годишната пензионерка Клод Поинтарт објаснува како бесплатниот превоз значи дека пензијата ќе и потрае подолго.

“Штедам пари, а автобусите минуваат на секои десет минути, па не треба да чекам долго. Но, во утринскиот и попладневниот шпиц има повеќе патници, па тие времиња е најдобро да се избегнат ако сакате да седнете. Но, сепак мислам дека тоа е одлична работа”, вели таа.

Автобусите лесно минуваат низ историскиот центар на градот, патниците се смеат преку прозорите, а возачот ги поздравува со “Bonjour” како што влегуваат. Некои од новите градски автобуси, обоени во розови, жолти, зелени и сини бои, имаат и “Wi-Fi”. Градските власти планираат да воведат и посебни настани во автобусите во кои ќе гостуваат и славни личности. Еден од автобусите ќе биде спортски бус со разни интерактивни игри, квиз на екранот и камерата за селфи.

51-годишниот Џорџ Контамин поинаку гледа на превозот во градот откако автобусите се бесплатни.

“Претходно никогаш не се возев со автобус, но сега, кога е бесплатно и кога цената на горивата порасна, размислувам поинаку”.

На автобуската страница наспроти пристаништето, студениот ветер кој ги лула бродовите не го нарушува ентузијазмот на Мари.

“Претходно никогаш не сум се возела со автобус. Ми беше тешко да купувам карти. Но, сега можам да го оставам автомобилот дома и да одам со автобус до работа. Многу е едноставно”.

Пред еден месец, Данкирк – град кој со околината брои околу 200.000 жители – станал најголемиот европски град со бесплатен јавен превоз. Нема трамвај, тролејбус или локални возови, туку се достапни само автобуси. Карти не се потребни бидејќи превозот за граѓаните и туристите е бесплатен.

Инспирацијата за овој потег потекнала од естонскиот главен град Талин, кој во 2013. година станал прва европска метропола која вовела бесплатен јавен превоз, но само за лицата кои живеат во градот и околината. Тие плаќаат само 2 евра за таканаречена зелена карта, по што сите возења им се бесплатни. По овој потег, градот со 416.000 жители забележал раст од 25.00 жители, од кои секој годишно на градската сметка уплаќа околу 1.000 евра на име на даноци.

Движењето за бесплатен јавен превоз се шири. Војчех Кебловски, експерт за јавен превоз од Универзитетот во Брисел, вели дека во 2017. година во светот имало 99 бесплатни мрежи на јавен превоз: 57 во Европа, 27 во Северна Америка, 11 во Јужна Америка, 3 во Кина и една во Австралија. Многу од тие градови се помали од Данкирк и пружаат бесплатен превоз во одредено време, на одредени траси и за одредени луѓе.

Во февруари оваа година, Германија објавила дека планира да го тестира бесплатниот јавен превоз во пет градови, вклучувајќи го и поранешниот главен град Бон, како и Есен и Манхајм. Цената на превозот веќе од претходно била намалена, за што повеќе луѓе да се убедат да ги остават автомобилите дома.

Најголемиот град со бесплатен превоз во светот е кинескиот Чангинг во провинцијата Хуанан, каде карти не се наплаќаат уште од 2008. година. По тој потег, бројот на патници се зголемил за 60 проценти.

Истражувањето за бесплатен јавен превоз, направено од он-лајн магазинот “Metropolitics”, открило дека таквиот облик за транспорт ја зголемува мобилноста на старите и младите луѓе и го зголемува нивното чувство за слобода.

Ниорт бил прв француски град кој пред една година за своите 125.000 жители обезбедил бесплатни автобуси. Градските власти објавиле дека бројот на патници во некои линии се зголемил за 130 проценти.

Еден месец по воведувањето на новиот систем, градоначалникот на Данкирк, Патрис Вергриете, кој тој потег го најавил како едно од предизборните ветувања во 2014. година, вели дека проектот е повеќе од успешен и дека бројот на патниците на некои линии се зголемил за 50 проценти, а на други за дури 85 проценти.

Додека седи во својата голема канцеларија под фотографија од Нелсон Мандела, Вергриете тврди дека ова е одлична одлука за градот во кој претходно дури 65 проценти од патувањата се одвивале со автомобили, 5 проценти со автобус и 1 процент со велосипед, додека 28 проценти од луѓето оделе пешки.

“Темата за јавниот превоз е полна со догми и предрасуди, а сето тоа не е поткрепено со никакви истражувања. Една од догмите е дека тоа што е бесплатно, воедно е и безвредно. Во Франција тоа го слушаме често”, вели Вергриете.

Секако, најважно е прашањето за парите. Претходно воведувањето на бесплатен превоз, уделот од продадени карти во буџетот на јавниот превоз било околу 10 проценти годишно. Дополнителните 60 проценти се финансирале од даноци на компаниите со повеќе од 11 вработени и уште 30 проценти доаѓале од локалните власти. Вергриете вели дека зголемувањето на даноците за компаниите го надоместиле недостигот, што значи дека немало зголемување на даноци во домаќинствата.

Во меѓувреме, автобуските линии биле продолжени, а додадени се и некои нови. Возниот парк е зголемен на 140 автобуси, вклучувајќи ги оние кои возат на природен гас.

“Не изненади зголемувањето на бројот на патниците, но сега треба да ги задржиме. Настојуваме да го промениме ставот на луѓето за автобусите. Претходно плаќаа превоз и беа корисници. Учествуваа со само 10 проценти во цената, но имаа чувство дека плаќаат се. Сега, кога тоа е јавно достапна и бесплатна услуга, на неа гледаат поинаку. Кога влегуваат во автобус велат добар ден, разговараат меѓусебно. Ја менуваме перцепцијата за јавниот превоз, а со тоа и за нашиот град. Од почетокот го осмислуваме јавниот простор”, вели Вергриете.

Но, бесплатниот јавен превоз има и свои критичари. Француската унија за јавен превоз уверува дека бесплатниот превоз е поврзан со недостигот на вредности, а со тоа и недостигот на почитување.

Клод Фрешер од Унијата вели: “Превозот би требало да биде бесплатен за лица со финансиски потешкотии. Тогаш било оправдано. Меѓутоа, превоз бесплатен за сите значи и помалку средства за развој на јавниот транспорт”.

Во Париз приходот од продадени карти сочинува 50 проценти од вкупните трошоци за јавен превоз. Кога градоначалничката Ан Хидалго рекла дека планира да ја намали цената на возните билети, експертот за прашања за превоз, економистот Фредрик Херан, рекол дека таа мерка нема смисла.

“Кои ќе бидат нови корисници на јавниот превоз? Сите истражувања покажуваат дека тоа ќе бидат велосипедист, потоа пешаци и некои мотоциклисти. Тоа јасно покажува мерките всушност се анти-велосипедски, анти-пешачки и и не премногу обесхрабрувачка за возачите”.

Но, Вергриете верува дека и тоа е дел од една голема догма. Признава дека бесплатниот јавен превоз можеби нема да функционира насекаде, но тоа добра за околината и добра за социјалните мерки.

“Бевме прагматични: ги согледавме предностите на бесплатниот јавен превоз и ги отстранивме недостатоците па одлучивме дека 7 милиони евра годишно не е превисока цена за сите бенефити. А како градоначалник можам на другите градоначалници да им пратам една порака, а тоа е: Борете се против догмата. Ставете ги на хартија предностите и недостатоците и согледајте ги реално. Можеби ќе се покаже како голем финансиски залак, но не ја занемарувајте социјалната предност. Не можете да ставите цена на мобилноста и социјалната правда”.