Ентони Лофредо е 33-годишник кој го променил не само изгледот на лицето, туку и телото и на Инстаграм под уметничкото име Black Alien Project ги открива сите фази од драстичните промени.
Лофредо изгледа како да не е од Земјата, а во тоа му помогнале низа операции. На својот Инстаграм профил истакнал дека неговиот изглед не е готов, туку дека ова е само 30 отсто од она што сака да го постигне.
Ги отстранил ушите, ги отсекол горната уста и носот, а јазикот му е преполовен. Сега отишол чекор понатаму – сака да има канџи, а прстите очигледно му пречат.
Затоа отстранил два прста од раката, за да биде поблиску до својата визија за убавина.
Ова е дел од неговата трансформација, една од фазите кои ќе му помогнат целосно да го промени својот изглед. Неговата желба е да има метална кожа.
На овој проект, да стане вонземјанин, работи веќе десетина години, а почнал со тетовирање и пирсинг – дури ја променил и бојата на очите.
Денес има и вградени метални предмети, со кои делува застрашувачки.
„Уште како мал бев опседнат со мутации и трансформации на човечкото тело“, раскажал во 2017-та година за францускиот медиум „Midi Libre“, пренесува „Мирор“.