Бразилецот Винициус Јуниор за Реал Мадрид потпиша во мај 2017 година, а во јули минатата година и официјално стана дел од „кралевите“.
Мадридскиот великан за неговите услуги на бразилски Фламенго исплати 40 милиони евра, а во борбата за неговиот потпи ја победа Барселона.
Младиот фудбалер не крие дека Каталонците му нуделе многу повеќе пари. Сепак тој одлучил да го прифати проектот кој го претставил Реал, па одлучил да ја одбие финансиски примамливата понуда од „Ноу Камп“.
„Татко ми ми кажа за интересот на Барселона и Реал Мадрид“ изјави Винициус за КАдена СЕР, па продолжи:
„Ги посетивме двата клуба и признавам дека и двата ми е допаднаа. Барселона нудеше повеќе пари, но ние одлучивмеда да го прифатиме подобриот проект. Марсело и Касемиро разговараа со мене и на крај ја прифатив понудата од Реал“ заврши 18-годишниот Бразилец.