Русинката Татјана Забродина освојува со својот изглед. Иако многумина на прв поглед би помислиле дека станува збор за манекенка, атрактивната русокоса работи како судијка на фудбалски натпревари.
Засега таа е судијка само за помладите категории, но руските медиуми пишуваат за тоа колку е перспективна, па наскоро би можеле да ја гледаме и во сениорски фудбалски натпревари.
Татјана открила дека покрај судењето се занимава и со односи со јавноста и маркетинг. Го обожува Starbucks и сака да патува низ светот, а на натпреварите на кои суди трибините секогаш се полни со навивачи.
Русинката ужива во својата работа како судија и обожува фудбал, односно како што вели таа тоа е нејзината прва љубов во животот, а ние се надеваме дека за брзо би можеле да ја гледаме и на некој познат фудбалски натпревар.