Фустанот на преклоп на Колинда експресно распродаден!

850

Откако се појави во Белата куќа на средба со претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија, медиумите не престануваат да зборуваат за изгледот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Таа ја истакна новата фигура во тесен фустан на преклоп, со златна лента на рабовите, а реакциите беа и повеќе од позитивни.

Доказ за тоа е и информацијата од хрватските медиуми дека фустанот е распродаден веднаш. Се работи за креација „Катарина“ на хрватски бренд „Duchess“, која претходно ја носеле и други познати Хрватки, но претседателката очигледно немала проблем со тоа.

Кога би сакале да ја имате, би морале да ја чекате од 16 до 33 дена, бидејќи интересот е огромен, а инаку цената и е 185 евра.