Футуристички град во Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029.

627
Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Азиските Зимски игри во 2029 година во Неом, футуристички мегаполис што се гради во северозападниот дел на земјата, објави Олимпискиот совет на Азија (ОЦА).

„Пустините и планините на Саудиска Арабија наскоро ќе станат терени за зимски спортови“, се вели во соопштението на ОЦА, додавајќи дека одлуката била донесена едногласно на седницата на генералното собрание во Пном Пен.

Сместен на брегот на Црвеното Море, проектот „Неом“, чија изградба е вредна неколку стотици милијарди долари и е предводен од моќниот престолонаследник Мохамед бин Салман, е предмет на бројни дискусии од 2017 година, кога беше објавен. Архитектите и економистите ги изразиле своите сомнежи за неговата изводливост.

Азиските Зимски игри треба да се одржат и во Тројена, планинскиот сектор на Неом, „каде што температурите паѓаат под 0 степени во зима и каде што генерално температурите се под 10 степени во текот на годината“, покрај морето, велат промоторите на овој проект. .

Тројена, која треба да биде завршена во 2026 година, ќе вклучува скијачки патеки кои ќе бидат отворени во текот на целата година, вештачко слатководно езеро, кабини, вили и луксузни хотели, додаваат истите извори. Директорот на Неом, Надми ал-Наср, рече дека Тројена ќе биде опремена со „соодветна инфраструктура за да создаде зимска атмосфера среде пустина и ќе ги направи Зимските игри светски настан без преседан“.

Азиските Зимски игри вклучуваат натпревари во скијање, сноуборд, хокеј на мраз, уметничко лизгање, во вкупно 47 спортови, од кои 28 се на снег и 19 на мраз, додава ОЦА.