Речиси и да нема прес-конференција на Џенаро Гатузо која може да се окарактеризира како монотона или досадна. Стратегот на Милан секогаш знае на оригинален начин да им одговори на новинарите, па така беше и на последната, кога беше запрашан за ситуацијата со Хакан Чалханоглу.
Гатузо видно израволтиран од ваквото прашање го запрашал новинарот дали бил тепан како мал од некој што личи на турскиот фудбалер.
„Зошто секогаш ме прашуваш за Чалханоглу? Толку си опседнат со него? Како мал те има тепано некој што личи на него? Од 50 прес-конференции на повеќе од половина ми ги поставуваш истите прашања. Подоцна ќе добиеш одговор“, рече Гатузо и ги насмеа останатите присутни на пресот.
Милан игра одлично и во Серија А, на последните пет натпревари има запишано исто толку победи и со 51 бод ја зазема третата позиција на табелата во италијанскиот шампионат.