Газдата на Денвер: „Сакам НБА прстен колку што сакам ќебапи во три часот наутро во Белград“

542

Првиот оперативец на Денвер Нагетс, Тим Конели, зборуваше на денот за медиуми во пресрет на новата НБА сезона.

Очигледно е дека Никола Јокиќ има неверојатно влијание во тимот од Колорадо, како на теренот така и надвор од него. Поради тоа, особено привлекува внимание пораката на првиот човек на клубот по прашањето за амбициите за титула во лигата.

„Мојата желба да го освојам шампионскиот прстен во НБА е иста како желбата да јадам ќебапи во Белград во три часот наутро. Тој што не сака да игра со Јокиќ или да биде во негова близина, тешко дека ќе ужива во животот“, кратко исменкотира Конели.

Јокиќ е прва ѕвезда во тимот, па веројатно раскажувал приказни кои му се допаднале на првиот оперативец, до степен што јадењето во Белград го споредува со желбата за трофеј во НБА лигата.