Ливерпул заедно со сите останати премиерлигаши се откажа од учеството во Суперлигата на Флорентино Перез. Притисокот на фановите беше преголем, особено за англиските учесници, па сите тие започнаа постапка за да бидат исклучени од проектот.
Сопственикот на славниот клуб Џон Хенри испрати јавно извинување кон Клоп, фудбалерите и сите вработени за она што се случуваше во изминатите два дена.
„Сакам да им се извинам на сите фанови поради она што се случуваше во изминатите 48 часа. Проектот никогаш немаше да продолжи без поддршка на навивачите. Вие покажавте дека не сакате да се реализира. Ве слушнавме, јас слушнав.
Сакам да им се извинам на Јирген, на фудбалерите и на сите вработени во клубот. Нема никаква вина кај нив. Тие беа најпогодени и тоа ме боли. Знам дека Ливерпул има сила да ја врати довербата од навивачите за да продолжиме понатаму. Дури и кога правиме грешки, го правиме тоа во најдобар интерес на клубот. Се извинувам за негативните 48 часа кои ги предизвикав. Тоа ја покажува вистинската моќ на фановите. Она што оваа ужасна пандемијата нè научи е дека фановите имаат неверојатна сила“, кажа Хенри.
John W Henry's message to Liverpool supporters. pic.twitter.com/pHW3RbOcKu
— Liverpool FC (@LFC) April 21, 2021
Иднината на Суперлигата е на „стаклени нозе“, по најавата за излез на англиските гиганти. Меѓутоа Перез и Ањели и натаму веруваат дека со мали корекции нивната идеја може да се реализира.