Двајца млади Индонезијци се јавно камшикувани во покраината Ацех, откако во полиција биле пријавени од страна на соседите дека се хомосексуалци.
Двојката добила казна за непримерно однесување, а ова е третпат во оваа провинција некој да биде казнет со удари поради „погрешна“ сексуална ориентација.
Младиот пар, на возраст од 27 и 29 години, се уапсени во ноември, по пријавата на соседите, кои влетале во домот додека двојката имала секс, пренесува „Гардијан“.Првично се осудени на 80 удари со стап од ратан за секој од нив, но бидејќи поминале неколку месеци во затвор, казната е намалена на 77 удари.За време на јавното камшикување една од мајките на момчињата се онесвестила, зошто не можела да ја гледа болката низ која поминува нејзиниот син, јавува АФП.
Јавното камшикување е вообичаена казна во Индонезија кога станува збор за кршење на шеријатските закони.