Генијална идеја: Национален парк на туристите по пошта им го враќа ѓубрето кое го оставиле зад себе

888

Посетителите на националните паркови на Тајланд би можеле наскоро да добијат пакети со ѓубре кои на домашна адреса им го испраќа управата.

Откако минатиот викенд голем број на посетители зад себе оставиле ѓубре во Националниот парк Као Јаи во близина на Бангкок, министерот за животна средина Варавут Силпа-Арча добил идеја – собраното ѓубре во пакети да се испраќа на домашната адреса на посетителите.

„Го собравме вашето ѓубре, го ставивме во картонска кутија и ви го испраќаме дома. Тоа би требало да ве подучи дека никаде и никогаш не треба да фрлате ѓубре“, стои во пораката на пакетите.

Камперите по доаѓањето се пријавуваат кај управата на Националниот парк, па лесно може да се дознае нивната домашна адреса, како и локацијата каде биле поставени шаторите.

Покрај кутијата ѓубре, несовесните планинари ќе добијат и пријава во локалната полиција поради кршење на прописите за националните паркови.

Ѓубрето може да биде опасно за животните како што се срните доколку го изедат пластичниот отпад кој луѓето го оставаат зад себе“, изјави Нарин Пинсакул од Националниот парк Као Јаи.

Фрлањето на ѓубре и загадувањето на околината на Тајланд се казнува и со затворска казна до 5 години или глоба од 16 илјади долари според тајландскиот закон за заштита на околината.

Као Јаи е отворен во 1962-ра година и станува збор за најстариот Национален парк на Тајланд. Со своите водопади и импресивниот растителен и животински свет на повеќе од 2 илјади квадратни километри е смета за еден од најубавите Национални паркови во југоисточна Азија.