Генијални трикови со кои вашиот багаж ќе излезе прв на лентата на аеродром

1008

Ако патувате често, тогаш знаете колку може да трае чекањето на багажот на аеродромите. За да го спречите тоа следниот пат, применете ги овие трикови. Чекирајте се последни, за вашиот багаж да влезе последен во товарниот простор и со тоа да биде и прв при излегувањето. Земете бесплатна налепница „fragile“ и залепете ја на багажот. Така вашиот багаж ќе биде внесен последен, а тоа значи дека ќе биде меѓу првите кои ќе бидат ставени на лентата за преземање на багаж.

Ако се плашите дека нема да имате доволно време за безбедносна проверка доколку се чекирате последни или меѓу последните, можете да ја искористите апликацијата „TripIt“ која ќе ви покаже колку време е потребно за завршување на сите процедури на аеродромот на кој се наоѓате.

Карти од 599 денари – WizzAir го објави летниот распоред од Скопје за 2019

Авиокомпанијата Wizz Air го објави летниот распоред за 2019 година за летови од аеродромот во Скопје и истиот може да се погледне на официјалната страна на компанијата.

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.

Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Wizz Air за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје, изјави Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.

Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.

„Wizz Air” по примерот на својот главен конкурент Ryanair најави дека рачниот багаж во авионите, кој сакате да го качите со вас, ќе се плаќа. Според компанијата новото решение ќе го направи качувањето на патниците во авионот побрзо.

нова авионска линија, wizz air

Според новата политика на авиопревозникот, која ќе стапи на сила од 1 ноември, бесплатно ќе може да се качува во авионот исклучиво багаж со димензии до 40х30х20 см што е приближно колку чанта или торба за лаптоп.
За секој поголем рачен багаж патниците ќе треба да си купат налепница “Wizz Priority”, чија цена започнува од 5 евра.

Предметната налепница ќе овозможува качување на багаж со димензии до 55џ40џ23 см. Со него ќе е можно и приоритетно чекирање и качување во авионот. Во последниве месеци авиопревозникот дозволуваше бесплатно качување рачен багаж, но во багажниот простор. Од 1 ноември оваа опција е отфрлена. Качувањето на чекиран багаж со тежина до 10 кг пак ќе е можно со налепница, чија цена почнува од 7 евра.