Георгиевски попладнево се враќа во Македонија со олимпискиот медал

595

Олимпиецот Дејан Георгиевски попладнево свечено ќе биде дочекан на скопскиот аеродром, по што вечерва на централниот плоштад со граѓаните заедно ќе го прослават освојувањето на сребрениот медал на Игрите во Токио.

Дочекот на 22-годишниот таеквондист Георгиевски е најавен за 14:00 часот во организација на Агенцијата за млади и спорт, а неговиот успех ќе се означи вечер на скопскиот плоштад во 19:30 часот.

Македонскиот знаменосец на ЛОИ се враќа од Токио со сребрен медал во таеквондо во категоријата над 80 килограми.