По две децении македонскиот спорт доаѓа до сребрениот медал на Олимписките игри. Противник на Георгиевски во борбата за златото беше Русинот, Владислав Ларин, а резултатот беше 15-9.
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во категоријата над 80 килограми на Летните олимписки игри во Токио.
Георгиевски претходно се пласира во финалето на Олимпијадата. Претпладнево го победи Кјо Дон Ин од Кореја со 12:6 во полуфиналето во категоријата +80 килограми.