Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, заврши во болница по повредата, која сега сигурно го става под знак прашалник да ги води „панцирите“ на следниот квалификациски меч за ЕП, против Белорусија, веројатно и п ротив Естонија.
Информацијата ја потврди германската фудбалска федерација и најави нови детали нешто подоцна.
Лев доживеал несреќа при одење во салата за вежбање, тој ја оштетил својата артерија, поради која веднаш бил префрлен до најблиската болница.
„Повторно се чувствувам добро, но морам да се одморам во следните 4 недели. Во постојан контакт сум со стручниот штаб и ќе останеме блиски преку телефоните, се до споменатите натпревари“, порача Лев.
Панцирите имаат доста важен репрезентативен циклус, затоа што им се потребни две победи со цел да се вратат на победничкиот колосек по неуспехот во Лигата на нации.