Германија прва земја во ЕУ која воведува третман против корона кој го излекува Трамп

582

Германија е првата држава членка на Европската унија која започнува да користи експериментални третмани со антитела, третман кој многу му помогна на поранешниот американски претседатеол Доналд Трамп во лекувањето од корона, изјави германскиот министер за здравје Јенс Шпан.

Таканаречениот моноклонски коктел со антитела ќе биде распределен во унивезитетските болници во следите недела дена, истакнал министерот , кој дополнил дека Германија ќе биде првата земја во ЕУ кој ќе ги користи во битката против пандемијата.

-Владата купила 200 000 дози на антитела за 400 милиони евра, изјавил Шпан за германскиот „ Bild am zontag”.

Со истиот лек се лекувал досегашниот американски претседател Доналд Трамп, кога во октомври заболе од корона.

-Антителата делуваат како пасивна вакцина. Администрирањето на овие антитела во раната фаза може многу да им помогне на високо ризичните пациенти, да избегнат сериозна прогресија на болеста, заклучил Шпан.