Велосипедистика која во понеделникот беше удрена од камион во Берлин, почина во болница од повредите.
Несреќната жена прелетала под бетонска мешалка, а на местото на несреќата веднаш била повикана итната помош. Но, специјалното возило кое требало да помогне во извлекувањето на жената се заглавило во толпата предизвикана од климатските активисти, пишува Феникс.
Од противпожарната станица потврдиле дека спасувачите морале да бараат импровизирани решенија. Полицијата сега води истрага против двајца климатски активисти поради тоа што не пружиле помош, односно спречиле пристап до луѓе кои би пружиле помош.
Откако се одржа јавна дебата во таа земја, германскиот министер за правда Марко Бушман вети дека во одредени случаи ќе бидат можни затворски казни и за активистите. Како што појасни, блокирањето на патот може да се казни како употреба на средства за присилба.
А ако брзата помош задоцнила, може да се разгледа и кривична одговорност за телесна повреда поради невнимание“, изјави тој за германските медиуми. Покрај паричните казни, законите во одредени случаи предвидуваат и затворски казни за горенаведеното кривично дело.