За чистење на крвните садови, луѓето посегнуваат кон лекови. Но, тука доаѓа до оптеретување на работата на црниот дроб и бубрезите. За целосно чистење на крвните садови без да ги оштетите другите органи, пробајте го овој рецепт.
Овој стар германски рецепт темелно го чисти холестеролот од крвните садови, а ова се неговите основни состојки:
– 4 цели лимони
– парче корен од ѓумбир
– 2 литри вода
– 4-5 чешниња лук
– 2 лажици мед

Измијте го лимонот темелно и прелијте го со топла зовриена вода за да ги отстраните нечистотиите. Потоа, извадете го од водата и исечете го на тенки кругови. Ѓумбирот и лукот исчистете ги, исечкајте ги во блендер или измелете ги во мелница за месо.
Во шерпа за количина од 3 литри ставете лимон. Во посебно тенџере сварете 2 литри вода и оставете да се излади на околу 60 степени. Во водата ставете лук, ѓумбир и мед. Сето тоа убаво измешајте го, па додадете го во шерпата со лимон.
Оставете да се вари 2 часа. Кога ќе се олади, сè префрлете во тегла од 3 литри. Сега напитокот е подготвен.
Како да се користи:
Пијте околу 100 мл на празен стомак секој ден наутро, а исто толку и навечер. Лекувањето трае околу 3 недели. Направете пауза една недела, а потоа уште 4 недели земете го овој напиток.
Ефектот ќе го почувствувате по само 10 дена. Чувајте го овој напиток во фрижидер.