Германски пензионер е казнет со 250.000 евра, зашто чувал Панцер тенк во подрумот (ВИДЕО)

559
Судскиот процес против германски пензионер, кај кого полицијата пронашла тенк од Втората светска војна, заврши.

На 84-годишен старец му е изречена условна затворска казна од 14 месеци и парична казна од 250.000 евра.

Имено, во 2015 година германските власти во подрумот на пензионерот пронашле тенк „Пантер“ од Втората светска војна, противвоздушно оружје, торпедо, многу нацистички сувенири и слично … На германските војници и биле потребни дури 9 часови за отстранување на тенкот од подрумот.

Целта на судењето било да се утврди дали постои основа за осудување на Германецот за кршење на Законот за контрола на военото оружје во Германија. Неговиот адвокат тврделе дека станува збор за музејски предмет, а не за воено оружје.

Меѓутоа, иако голем дел од неговата колекција била „надвор од работа“, нешто се` уште беше во функција, а пензионерот во една прилика го користел тенкот за да го исчисти снегот на неговиот имот. Локалните власти биле известени за колекцијата од колегите во Берлин, кои ја истражувале куќата за украдени нацистички предмети.

Покрај паричната казна и условната затворска казна, 84-годишниот старец треба да го продаде или донира својот тенк во следните две години. Адвокатот на пензионерот рекол дека американски музеј е заинтересиран за тенкот.