Ги брише брчките, ја обновува оштетената коса и ги зајакнува ноктите: Ова масло е нешто најдобро што една жена може да си го овозможи

618

Освен за припрема на здрави и вкусни јадења, маслиновото масло може да се користи и во ритуалите за убавина. Тоа низ годините се покажало како одличен сојузник на женската убавина и негуваниот изглед.

Маслиновото масло е богато со витамини, минерали и природни масни киселини, а ги содржи и витамините А и Е.

Еве како можете да го користите:

Ги отстранува брчките

Маслиновото масло ѝ помага на кожата да го одржи својот младешки изглед и сјај, ја хидрира и ја одржува нејзината еластичност и мекост. Исто така, маслиновото масло им помага на клетките на кожата да се регенерираат. Антиоксидансите во маслиновото масло помагаат во забавување на процесот на стареење, додека витаминот Е ја штити кожата од УВ зраците, а олеинската киселина делува антивоспалително.

Освен тоа, примената на маслиновото масло на лицето не ги затнува порите, а се користи и во негата на чувствителна и сува кожа на лицето.

Можете да подготвите маска за лице од маслиново масло: изрендајте една краставица, а потоа во неа додадете една лажичка јогурт и една лажичка маслиново масло. Оставете ја маската 10-15 минути на вашето лице, а потоа исплакнете со млака вода.

Ги зајакнува ноктите

Освен што ги отстранува брчките, маслиновото масло може да се користи и за нега на нокти бидејќи го поттикнува нивниот раст.

Секоја вечер пред заминување во кревет, втријте малку маслиново масло на ноктите, почекајте неколку минути да се впие и потоа отстранете го вишокот. За една недела ќе ги забележите првите подобрувања во изгледот на вашите нокти.

Ја регенерира косата

Ако имате проблеми со сува коса и кршливи врвови поради сонцето, сушењето со фен или честото фарбање, решението повторно се крие во маслиновото масло.

Помешајте половина шолја маслиноо масло со две изматени јајца. Нанесете ја смесата на влажна коса и замотајте ја во крпа. Почекајте 30 минути, а потоа исплакнете со благ шампон и млака вода.