Ѓоковиќ доби прашање во Корчула за Вимблдон, тој тоа го спореди со „лимонада“

679

Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена ужива во летниот одмор со фамилијата и пријателите.

Светскиот број 1 одлучи одморот да го помине на преубавата Корчула, а друштво му прави и е ден поранешен светски број 1, Австралиецот Патрик Рафтер.

Ѓоковиќ меѓу туристите беше лице кое предизвика големо внимание, па на сите кои побарале фотографија или автограм, не ги одбил.

Исклучително сум задоволен со се. Овде е многу убаво, навистина човек овде треба да знае да ужива. Не сме постојано на едно место, туку правиме џир (прошетка) постојано лево десно. Сум бил овде и претходно, но сега имам исклучителни домаќини, чувството ми е најдобро досега“.

Потоа Ѓоковиќ на прашање од хрватски новинар да го прокоментира штотуку завршениот Вимблдон и едно од најдолгите финалиња против Роџер Федерер, Новак се насмеал и вратил: Не знам за што зборувате, тоа за мене беше лесна лимонада, се беше ок“, порачал светскиот рекет број 1.