Ѓоковиќ како Ерос Рамацоти: Запеа на „Сан Ремо“ и ги воодушеви Италијанците… (ВИДЕО)

804

Само три дена откако го освои осмиот Австралија опен и свој 17-ти Грандслем турнир во кариерата, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ си најде место и на музичката сцена. Запеа пред милионскиот аудиториум на ТВ-екраните во Италија.

Ѓоковиќ се одлучи да запее на еден од најпознатите музички фестивали во Европа, италијанскиот „Сан Ремо“, едно од најголемите музички случувања во Италија кое трае од 1951 година. Новак ја отпеа песмата на Ерос Рамацоти – „Ветена земја“ со која легендата на италијанската музика победи на „Сан Ремо“ во 1984 година, и ги воодушеви Италијанците. Ги воодушеви и со своето одлично познавање на италијанскиот јазик.

А, во публиката уживаше и пееше со него и неговата сопруга Јелена. Притоа Новак заигра малку тенис и со водителите на бината, кои не пропуштија и да се шегуваат со светскиот рекет број еден…

Комплетното видео може да го погледнете на следниот ЛИНК.