Ѓоковиќ: „Не јадам по 16 часа веќе една година ипол, имам помалку падови и полн сум со енергија”

813

Најдобриот тенисер на светот во циклусот на емисијата „Свесно живеење“ покрена нова тема за гледачите.

Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил споделил снимка од разговорот со професор д-р Драган Иванов, кој што е специјалист по интерна медицина и професор на Универзитетот во Нови Сад.

Ѓоковиќ во текот на нивниот разговор открил дека не консумира храна по 16 часа во последната година и пол.

„Сакам да позборувам на тема автофагија. Колку е важна, тој вид пост 18-8, во кој 16 часа не се јаде, 8 часа се јаде, тоа јас го применувам. Во последнава година почувствував големо подобрување во системот за варење, подобро спијам, имам поголема енергија во текот на денот, имам помалку падови“ – изјавил Ѓоковиќ.

Професорот Иванов, кој што е вегетаријанец, имал поопширна анализа за тоа:

Што е автофагија? Доколку ништо не внесуваме 12 часа, нашиот мозок гледа каде може да ја пронајде нашата резерва. Тогаш пронаоѓа некои микроорганизми, патогени бактерии и ги разорува и рециклира, тогаш наоѓа некоја мутирана ќелија и од разградените материјали прави екстра енергија, па имаме дополнително гориво затоа што сме имале ќелии и структури кои што ни биле нефункционални и тие ќелии ги зема за создавање на нови, млади ќелии, здрави.

Доколку јадеме во 2 или 3 часот попладне, во 2 или 3 часот по полноќ се активира автофагијата и потоа таа ќе го исчисти нашиот организам од микрооорганизмите, артеросклеротичните наслаги на ѕидовите од крвните садови, од мозочните ќелии. Таа ќе го исчисти нашиот организам и ќе ни подготви гориво за утрешниот ден, но мора да поминат 12 до 16 часа“ – изјавил Иванов.