ЃУРОВСКИ: ИГРАВ ЧЕТИРИ ПАТИ ПРОТИВ МАРАДОНА, ТОЈ ИМАШЕ ФУДБАЛСКА МАГИЈА ВО НОЗЕТЕ

590

Македонската фидбалска легенда и екс наш селектор Бошко Ѓуровски може да се пофали дека е еден од реките кои дури четири пати играл против Диего Армандо Марадона.

Во времето кога и самиот Ѓуровски важеше за сериозен фудбалски квалитет и беше еден од најдобрите во Европа, тој создал еден вид сопствен ривалитет со тогаш најдобриот во светот.

„Ја имав таа чест четирипати да играм против Марадона. За прв пат тоа беше на Мундијалот во Јапонија до 20 години во 1979 година. Марадона на тој турнир буквално издоминира беше пгорласен за најдобар играч. Уште тогаш се виде дека ќе биде нешто големо. Потоа дојдоа оние мечеви од купот на победниците на куповите каде што одигравме двомеч со БАрселона. Постигнав го на гостувањето но ги загубивме двата меча. Малку е познато дека претходно одигравме и пријателски меч во Хихон каде што победивме 1:0, а јас го постигбав единствениот гол. Тоа се моите четири средби со Марадона. Драго ми е што сум го запознал што сум имал чест да играм со него. За мене тој е најдобриот. Магија, тој имаше магја во нозете. Дриблинзи, координација, фудбалска интелегенција. Тој и Роналдињо. Само тој може да се спореди со Марадона. Диего имаше проблеми со кокаинот, тоа и го уништи, но нему се му е простено. По мене не може напаѓачи и дефанзивци да бидат најдобри играчи. Марадона, Роналдињо, Кројф, тие се според мене најдобрите. Пеле не сум го гледал освен на некакви видеа, не можам да кажам за него ништо“ – изјави поранешниот Македонски селектор Бошко Ѓуровски во изјава за спрскиот портал Мондо.