Луѓето кои ја гледале емисијата од последната епизода на британското издание на квизот „Кој сака да биде милионер“ коментираат: „Како се сетиле на ова составувачите на прашања?“.
Гледачите на британската верзија од квизот „Кој сака да биде милионер“ се пожалиле дека натпреварувачот кој учествувал оваа седмица го добил „најтешкото прашање досега“, а истото го пренесоа многу од медиумите.
Глен Бан кој во минатата емисија освоил 32 илјади фунти, во новата емисија добил прашање поради кое многумина го сожалувале.
„Од 2000 година наваму Оскар за најдобра женска улога не добила жена чие презиме почнува со која од следните букви?“, гласело прашањето.
Понудените одговори биле:
А) G
B) K
C) M
D) W
For this Academy Award Best Actress related question, Glen had absolutely no idea what the correct answer was…and got it right anyway 😱#WhoWantsToBeAMillionaire #Millionaire #JeremyClarkson #ITV #Quiz #QuizShow #QuizShowWins #GameShow #LuckyGuess #Oscars #BestActress pic.twitter.com/EQnbdcs8NG
— Who Wants To Be A Millionaire? (@MillionaireUK) August 24, 2021
Глен не го знаел одговорот, па го искористил џокерот и се обидел да добие помош од најдобрата пријателка на неговата сопруга.
Но, таа не го знаела одговорот, па Глен одлучил да ризикува…